Македонски фудбал Фудбал

„Автокоманда“ уште не е подготвена: Скопје го пречекува Тиквеш во тренинг-центарот на ФФМ!

Натпреварот од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига помеѓу Скопје и Тиквеш наместо на стадионот во Автокоманда, ќе се одигра во Тренинг-центарот „Петар Милошевски“.

Првичниот план беше повратникот во елитата да го пречека кавадаречкиот тим на својот домашен терен, но стадионот сè уште не ги исполнува потребните стандарди за мечеви од највисок ранг.

Ова е вторпат од почетокот на сезонава екипата на Скопје да биде принудена да го менува домаќинството, откако од истите причини и дуелот со шампионот Струга ТЛ се одигра на терените на ФФМ.

Скопје и Тиквеш ќе го отворат ова 4. коло, а натпреварот е закажан за петок, со почеток од 17:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.