Светски првенства Фудбал

Австрија без замена за повредениот Баумгартнер на Мундијалот!

Селекторот на Австрија, Ралф Рангник, одлучи да не повикува нов фудбалер на местото на Кристоф Баумгартнер, кој поради повреда на бедрото го пропушта Светското првенство.

Членот на Лајпциг се повреди пред пријателскиот меч со Тунис, што претставува огромен удар за националниот тим, а самиот стратег призна дека ова се навистина горчливи вести за сите. Австриската експедиција веќе заминува за САД каде во рамките на групата Ј ќе ги одмери силите против селекциите на Јордан, Аргентина и Алжир.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.