Швајцарската фудбалска ѕвезда Алиша Леман и нејзиното момче Монтел Мекензи, познат од реалното шоу „Love Island“, ги запалија социјалните мрежи со заедничка фотографија од продавница за луксузен накит. Мекензи дополнително ги подгреа шпекулациите ставајќи опис со катанец и клуч, што за милионите фанови беше јасен сигнал.
Гласините за брак доаѓаат само неколку месеци откако парот ја официјализираше врската во јануари, а се верува дека искрата меѓу нив пламнала за време на нивното учество во „The Baller League“. Пред оваа романса, Леман со години беше во фокусот на јавноста поради бурната врска со бразилскиот фудбалер Даглас Луиз, со кого настапуваше во Астон Вила. Иако сè уште нема официјална потврда, посетата кај кујунџијата беше повеќе од доволна за фановите веќе да почнат да ја слават претстојната свадба.

