Меѓународен фудбал Фудбал

Атлетико со брутален напад кон Барселона поради Алварез!

Трансфер пазарот уште reлно не започна, а односите меѓу шпанските гиганти Атлетико Мадрид и Барселона веќе доживеаја целосен колапс. Наводниот интерес на каталонскиот клуб за аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез предизвика бес во Мадрид, по што „јорганџиите“ возвратија со жесток и директен напад на социјалните мрежи.

Сè започна со шпекулациите за наводна понуда од 100 милиони евра од страна на Барселона за Алварез. Атлетико Мадрид првично реагираше со хумор и сарказам, објавувајќи пародични понуди во стилот на Фабрицио Романо, каде во замена за Ламин Јамал, Педри и Рафиња нудеа билети за концерти, семки за грицкање и костими од познати брендови. Меѓутоа, забавата брзо заврши, а клубот од престолнината премина во брутална офанзива, обвинувајќи ја Барселона за непочитување, лаги, дестабилизација и ширење лажни вести преку својата пропагандна машинерија.

Во официјалната реакција, Атлетико директно удри по најболните точки на каталонскиот клуб, јавно потсетувајќи на аферата „Негреира“ и финансиските малверзации на „Камп Ноу“. Од Мадрид порачаа дека на нив никогаш не би им паднало на памет да го имаат потпретседателот на судиската комисија на својот платен список, ниту пак да се потпираат на политички услуги за да можат да ги регистрираат своите фудбалери, завршувајќи ја пораката со зборовите „почит и вредности“. Овој жесток судир отвора нова војна во шпанскиот фудбал, која допрва ќе носи сериозни последици по односите меѓу двата клуба.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.