Меѓународен фудбал Фудбал

Атлетико не го пушта Алварез во Барса ни за 200 милиони!

Управата на Атлетико Мадрид експресно ги угаси надежите на Барселона за спектакуларен ангажман на Хулијан Алварез. Иако аргентинскиот напаѓач, кој моментално брка втора мундијалска титула во кариерата, претходно наговести дека е подготвен за нов предизвик во кариерата, мадридскиот клуб стави цврсто вето на каква било зделка летово.

Генералниот директор на клубот, Мигел Анхел Хил Марин, јавно порача дека Атлетико нема да попушти дури и доколку на маса пристигне понуда од неверојатни 200 милиони евра. Тој потенцираше дека оваа одлука им е кристално јасно пренесена на самиот фудбалер, на неговиот агент, но и на претседателот на каталонскиот гигант. Во Мадрид цврсто веруваат дека Алварез е идеалниот напаѓач за нивниот проект и немаат намера да го продадат играчот кој има договор дури до 2030 година.

Каталонците веќе се подготвуваа да тргнат во отворен напад по неговиот потпис, но одговорот од „Ванда Метрополитано“ е дециден. Дали Алварез лесно ќе се помири со оваа одлука и ќе остане во Мадрид, или пак војната меѓу шпанските гиганти ќе продолжи, ќе се знае по завршувањето на Светското првенство.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.