Меѓународен фудбал Фудбал

Атлетико најде решение за левата бековска пози позиција во Виљареал

Мадритски Атлетико веќе ги крои плановите за претстојниот зимски преоден рок, а главен приоритет на спортскиот сектор е доведување нов лев бек. Тренерот Диего Симеоне бара дополнителна конкуренција на таа позиција, а како прва цел на раководството се издвојува Серхи Кардона од редовите на Виљареал.

Неуспешниот обид за ангажман на Николас Таљафико во последните часови од летниот трансфер-прозорец го остави Симеоне без природна алтернатива на левата одбранбена страна. Поради тоа, Матеу Алемани веќе активно го скенира пазарот барајќи економски исплатлива опција, а 27-годишниот Кардона се вклопува идеално поради неговата ситуација.

Договорот на шпанскиот дефанзивец со „жолтата подморница“ истекува во јуни, што му овозможува на Атлетико да го реализира овој трансфер уште во јануари за симболично обештетување. Кардона зад себе има четири сезони во елитата, над 100 настапи во Ла Лига и драгоцено искуство од Лигата на шампионите, па неговото доаѓање ќе му овозможи на Симеоне конечно да го растерети Алехандро Грималдо и да добие дополнителна стабилност во дефанзивната линија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.