Атлетико Мадрид испрати официјална понуда за напаѓачот на Јувентус, Џонатан Дејвид, кој би можел да го напушти Торино пред затворањето на летниот преоден рок. Канаѓанецот пристигна во Јувентус минатото лето како слободен играч по успешниот период во Лил, но не успеа целосно да ги оправда очекувањата во Серија А. Сега „старата дама“ е подготвена да разгледа опции за негово заминување.
Според информациите на Фабрицио Романо, Атлетико понудил позајмица со опција за откуп, додека самиот Дејвид е отворен за преселба во Мадрид и соработка со Диего Симеоне. Сепак, Јувентус се наоѓа во незгодна ситуација. Клубот сака прво да обезбеди замена за Дејвид пред да го одобри неговото заминување, додека од Италија пристигнуваат информации дека продажбата на Канаѓанецот е неопходна за „бјанконерите“ да можат да доведат нов напаѓач.
Јувентус веќе работи на решавање на ситуацијата, а Џошуа Зиркзе од Манчестер Јунајтед се споменува како една од главните цели во нападот во финишот на преодниот рок. Преговорите со Атлетико продолжуваат, а следните часови би можеле да бидат клучни за иднината на Дејвид во Торино.

