Меѓународен фудбал Фудбал

Атлетико Мадрид сака две одлични засилувања од Премиер лигата!

Управата на Атлетико Мадрид и тренерот Диего Симеоне ја одредија главната цел за летниот преоден рок. Шпанскиот дефанзивец на Челси, Марк Кукуреља, се наоѓа пред трансфер во редовите на популарните „јорганџии“. Овој бек има уште две години од актуелниот договор со лондонските „сини“.

Шпанскиот клуб се надева дека ќе го доведе Кукуреља за сума од околу 40 милиони евра на неколку рати. Самиот фудбалер сака да се врати во Примера, а деталите треба да се усогласат до почетокот на јуни.

Покрај дефанзивецот, раководството на Атлетико Мадрид ги насочува своите мисли и кон Вулверхемптон. Нивна голема желба е Бразилецот Жоао Гомеш, кој сигурно си заминува по испаѓањето на клубот од Премиер лигата. Симеоне во него гледа одлично засилување за средниот ред, а овој трансфер би изнесувал 45 милиони евра.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.