Меѓународен фудбал Фудбал

Атлетико Мадрид против Арсенал за големото финале!

Лигата на шампионите се подготвува за уште еден епски дуел во полуфиналето, каде силите ќе ги одмерат Арсенал и Атлетико Мадрид. „Топчиите“ на Микел Артета стигнаа до оваа фаза по елиминацијата на Баер Леверкузен и Спортинг Лисабон, покажувајќи неверојатна стабилност на домашен терен. И покрај тоа што водат жестока битка со Манчестер Сити за титулата во Премиер лигата, лондончани се решени да го поправат впечатокот од минатогодишното полуфинале и конечно да го нападнат трофејот кој им недостига во богатата витрина.

Од друга страна, избраниците на Диего Симеоне пристигнуваат со „лузни“ од домашната сцена, откако претрпеа болни порази во Ла Лига и го загубија финалето на Купот на кралот од Реал Сосиедад. Сепак, патот на Атлетико до полуфиналето беше импресивен, исфрлајќи ги гигантите Тотенхем и Барселона. За „јорганџиите“, ова е шанса за искупување по двете загубени финалиња во 2014 и 2016 година, кои сè уште болат кај нивните навивачи. Победникот од овој двомеч во големото финале во Будимпешта на 30 мај ќе ги одмери силите со подобриот од пресметката меѓу ПСЖ и Баерн Минхен.

 Натпреварот на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид започнува во 21:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести