Меѓународен фудбал Фудбал

Атлетико Мадрид продава тројца играчи за да го доведе Ромеро!

Раководството на Атлетико Мадрид е подготвено на радикални чекори за да ја обезбеди сумата од 50 милиони евра потребна за ангажман на аргентинскиот репрезентативец и дефанзивец на Тотенхем, Кристијан Ромеро. Откако првата понуда од 30 милиони евра беше одбиена, а во трката се вклучи и Интер, „јорганџиите“ мораат брзо да реагираат и да соберат средства преку продажба на тројца првотимци.

Сите три продажби се веќе во завршна фаза. Матео Руџери е пред преселба во Астон Вила за околу 20 милиони евра како замена за Лука Дињ, Тијаго Алмада се враќа во Јужна Америка во редовите на Ривер Плата за слична сума, додека Науел Молина е на чекор до премин во Рома за 18 милиони евра со вклучени бонуси.

Со реализацијата на овие трансфери, Атлетико ќе ги обезбеди потребните финансии и ќе испрати подобрена понуда до Лондон во вредност од 40 милиони евра плус бонуси, што се очекува конечно да ги задоволи апетитите на Тотенхем.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.