Нова тензија се појави на релација Атлетико Мадрид – Барселона, а во центарот на вниманието се најде аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез. Според шпанските медиуми, раководството на Атлетико е подготвено да покрене правна постапка против каталонскиот клуб, убедено дека Барселона води преговори со фудбалер кој има важечки договор до 2030 година.
Незадоволството во Мадрид дополнително се зголемило по изјавата на Алварез, кој по натпреварот на Аргентина навести дека размислува за промена на средината. Во Атлетико сметаат дека тоа е резултат на интересот од Барселона и порачаа дека трансфер на аргентинскиот голгетер на „Камп Ноу“ не доаѓа предвид.
Од клубот потсетуваат и на случајот со Антоан Гризман, обвинувајќи ја Барселона дека и претходно користела слични методи при ангажман на фудбалери од нивните редови.

