Кошарка Меѓународна кошарка

Атина под опсада, забранети навивачки собири поради Ф4

Грчката престолнина се подготвува за вистинска опсада во пресрет на завршниот турнир во Евролигата. По долги и исцрпни состаноци на безбедносните служби, полицијата донесе радикална одлука за воведување на екстремни мерки на претпазливост, со цел да се спречат потенцијални навивачки судири и хаос низ улиците на Атина.

Официјално се забрануваат какви било јавни собири на отворено, како и сите организирани навивачки дефилеа со автомобили и мотоцикли во централното градско јадро. Рестриктивниот безбедносен прстен стапува на сила в четврток (21 мај) во 06:00 часот наутро и ќе остане активен во текот на целиот викенд, сè до понеделник (25 мај) во истото време.

Проценките на грчките тајни служби и полицијата се јасни, огромниот прилив на странски и домашни навивачи создава висок ризик од насилни инциденти. Надлежните потенцираат дека обичните, благи мерки овојпат се немоќни да го сочуваат јавниот ред и мир, па затоа беше неопходно воведување на ваков ригорозен „филтер“ за нормално функционирање на градот и заштита на самите кошаркарски експедиции.

Борбата за европскиот трон започнува во петок во култната „ОАКА Арена“, каде во полуфиналните пресметки силите ќе ги одмерат шпанските ривали Реал Мадрид и Валенсија, како и домашниот Олимпијакос против турскиот гигант Фенербахче.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.