Кошарка Меѓународна кошарка

Атаман удри по судиите по елиминацијата од Валенсија

Кошаркарите на Панатинаикос доживеаја вистински шок откако беа елиминирани од Валенсија во четвртфиналето на Евролигата. Атинскиот состав прокоцка предност од 2:0 во победи и на крајот ја загуби решавачката мајсторка. Тренерот Ергин Атаман го призна лошиот старт на својот тим, но жестоко го критикуваше судискиот критериум.

„Сакам да честитам на Валенсија за денешната победа. Ние не игравме како што знаеме, не ја знам причината, можеби тимот беше се уште во шок по оние два порази во Атина. Во нападот во првото полувреме бевме ужасни, во вториот дел се обидовме да се вратиме, но промашивме неколку лесни шутеви и тоа придонесе да го загубиме натпреварот“. – изјави турскиот тренер.

Турскиот стратег посочи на огромната разлика во изведените слободни фрлања како главна причина за поразот.

„Кога ја гледам статистиката, исти сме по погодени двојки и тројки, тука постои баланс. Но, кај слободните фрлања има неверојатна разлика. Тиа изведоа 29, ние само 8. Исто беше и на претходниот дуел во Атина, кога имаа 12 слободни фрлања повеќе од нас… И ќе кажам уште една работа, Кендрик Нан, вториот најдобар стрелец во Евролигата, не изведе слободно фрлање три натпревари во низа во оваа серија. Три меча по ред… вториот најдобар стрелец…. Не знам што да кажам повеќе, ако судат овие судии и имаат ваков критериум, Валенсија лесно ќе стане и европски шампион на претстојниот фајналфор“. – додаде Атаман.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести