Меѓународен фудбал Фудбал

Аталанта му врачи отказ на Рафаеле Паладино!

Калчолигашот Аталанта официјално ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб, Рафаеле Паладино. Иако младиот стратег имаше валиден договор до летото 2027 година, тој не успеа да ги задоволи високите апетити на раководството од Бергамо.

Паладино пристигна во ноември минатата година како замена за Иван Јурич, кој го забележа најслабиот старт во последните 11 години. И покрај тоа што со освојувањето на седмото место во Серија А обезбеди излез во Конференциската лига, пресудни за неговата смена беа катастрофалните резултати на меѓународна сцена.

Капката која ја прели чашата беа двата брутални порази во осминафиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен (1:6 и 1:4). Заедно со 41-годишниот тренер, клубот го напушта и неговиот комплетен стручен штаб предводен од асистентот Стефано Читерио, а Аталанта веќе е во потрага по нов предводник.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.