Кошарка Меѓународна кошарка

Асвел добива нови сопственици, синовите на сопственикот на Лејкерси заинтересирани за клубот!

Синовите на покојниот Џери Бас, долгогодишниот сопственик на Лос Анџелес Лејкерс, Џои и Џеси Бас, се во преговори со Тони Паркер за преземање на францускиот кошаркарски клуб Асвел. Интересот доаѓа во период кога францускиот клуб се соочува со сериозни финансиски проблеми. Откако главниот инвеститор се повлече, буџетот за новата сезона беше намален од планираните 59 на само 24 милиони евра, што доведе и до заминување на неколку важни играчи.

Според информациите од Франција, браќата Бас во моментов се најсериозни кандидати за преземање на клубот, а вредноста на потенцијалната зделка се проценува меѓу 60 и 80 милиони евра. Сепак, преговорите се комплицирани поради различните проценки за вредноста на Асвел, па конечниот договор би можел да биде постигнат дури кон крајот на 2026 година. Џои и Џеси Бас имаат долгогодишно искуство во американската кошарка. Тие беа дел од раководните структури на Лејкерс, а по продажбата на мнозинскиот пакет акции во 2025 година, семејството Бас задржа и малцински удел во НБА франшизата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.