Меѓународен фудбал Фудбал

Астон Вила тргна по бисерот на Тотенхем, Лукас Бергвал!

Астон Вила веќе работи на засилувањата за новата сезона, а една од главните желби на Унаи Емери е младиот шведски репрезентативец Лукас Бергвал. Талентираниот играч за врска остави одличен впечаток во дресот на Тотенхем и се наметна како еден од најперспективните фудбалери во Премиер лигата.

Швеѓанецот зад себе има успешна сезона во Лондон, каде доби значајна минутажа и покажа дека поседува квалитет за највисоко ниво. Токму затоа Вила сака да го доведе во Бирмингем и да го направи важен дел од својот проект.

Сепак, евентуалниот трансфер нема да биде лесен. Бергвал засега не брза со одлуката за својата иднина и наводно не е целосно убеден во преселба во друг англиски клуб. Од таборот на Вила се надеваат дека ќе успеат да го убедат со амбициозниот план на Емери, а конечната разврска се очекува по завршувањето на Светското првенство.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.