Меѓународен фудбал Фудбал

Астон Вила промовираше две нови засилувања

Астон Вила заврши два големи трансфери во еден ден. Клубот од Бирмингем официјално ги претстави голманот Зајон Сузуки и дефанзивецот Матео Руџери.

Јапонскиот чувар на мрежата Сузуки беше речиси сигурно ново засилување за ПСЖ. Сепак, неговиот агент во последен момент побара поголема провизија. Парижаните веднаш се повлекоа од преговорите, а Астон Вила брзо реагираше и договори трансфер со Парма вреден околу 35 милиони евра. Сузуки пристигнува да ја засили голманската позиција по пропаднатиот трансфер на Емилијано Мартинез во Јувентус.

Во исто време, англискиот клуб го ангажираше и левиот бек Матео Руџери од Атлетико Мадрид. За италијанскиот фудбалер беа платени околу 25 милиони евра. Руџери пристигнува како директна замена за Лука Дињ, откако изминатата сезона одигра 47 натпревари за тимот на Диего Симеоне.

Астон Вила новата сезона во Премиер лигата ја започнува на 23 август на гостувањето кај Брајтон.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.