По завршувањето на едногодишната позајмица во Бајерн Минхен, сенегалскиот напаѓач Николас Џексон се врати во редовите на Челзи. Сепак, 25-годишниот фудбалер сè уште нема сигурна иднина на „Стамфорд Бриџ“, а како нов кандидат за неговиот потпис се издвојува Астон Вила.
Напаѓачот не се вклопува во плановите на новиот менаџер на Челзи, Чаби Алонсо, па сините интензивно бараат решение за негов трансфер. Според информациите на новинарот Флоријан Плетенберг, преговорите меѓу клубовите се во тек.
Раководството на Челзи преферира целосна продажба на играчот, но не е исклучена ниту опцијата за нова позајмица.
Џексон во тимот од Бирмингем се гледа како потенцијално големо засилување за офанзивната линија пред почетокот на новата сезона.

