Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Ашур ги шокираше „ѓаволите“: Египет води против Белгија на полувреме! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Египет замина со минимална предност од 1-0 на паузата против Белгија во премиерниот меч од групата Г на Мундијалот. Клучниот момент во првиот дел се случи во 19-тата минута, кога Ашур со прецизен удар од 20-тина метри ја затресе мрежата на Куртоа и донесе огромна радост за „фараоните“.

Иако „ѓаволите“ ја контролираа топката и имаа далеку поголем посед во првите 45 минути, нивната иницијатива беше целосно безопасна. Од друга страна, Египет се бранеше максимално дисциплинирано и преку брзи транзиции беше поопасниот тим на теренот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.