Меѓународен фудбал Фудбал

Артета по ремито со Баерн: Загрижени сме за повредата на Сака!

Арсенал може да се соочи со сериозен проблем по повредата на Букајо Сака, кој го напушти теренот уште во 10. минута од дуелот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, завршен со резултат 2-2.

Англискиот репрезентативец почувствувал болка во левата натколеница, а според првичните процени постои сомнеж за повреда на квадрицепсот. Менаџерот Микел Артета не го криеше своето незадоволство и загриженост по натпреварот.

„Кога играч мора да го напушти теренот со остра болка, тоа никогаш не е добра вест. Не изгледа добро, а и нашиот медицински тим е позагрижен од вообичаено. Мора да почекаме и да ги видиме резултатите“, изјави Артета.

Потенцијалното подолго отсуство на Сака би било сериозен удар за Арсенал, особено поради неговата важна улога во офанзивата. Англичанецот и претходно имаше проблеми со повреди, поради кои пропушти значителен број натпревари. И покрај лошите вести, Артета беше задоволен од настапот на својот тим во Минхен, оценувајќи дека неговите фудбалери одиграле одличен натпревар против еден од најсилните европски клубови. Сепак, во Лондон сега со нетрпение се очекуваат резултатите од медицинските прегледи на Сака.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.