Тимот на Арсими лесно ја одработи својата задача на денешниот натпревар против Шкупи, откако во првиот дел беше јасно дека домаќините ќе ја слават победата. Гостиварчани го отворија резултатот во 16′ минута преку голот на Рамадани од пенал, по направен прекршок од страна на гостинскиот играч, додека пред крајот на полувремето, во 39′ минута, во една гужва во шеснаестеникот на Шкупи, по една високо упатена топка, Реџепи умешно се снајде, и со удар од прва успеа да ја погоди мрежата на голманот Сефер за водство од 2-0.
Во вториот дел двете екипи влегоа расположени и постигнаа вкупно четири погодоци. Најпрво, Шкупи намали на 2-1 во 49′ минута преку Нухија. Во продолжение, продолжија нападите на Арсими, Шкупи пробуваше да се одбрани, но сето тоа беше безуспешно. Арсими постигна брзи три гола, во 69′ погоди Селмани , а во 74′ и 78′ минута погоди тинејџерот Османи за конечни 5-1.

