Македонски фудбал Фудбал

Арсими ја пречекува мотивираната Шкендија

Арсими во Гостивар го очекува еден од најтешките предизвици во сезоната, бидејќи за противник ја има Шкендија. Тетовци влегуваат во овој натпревар како апсолутни фаворити, со квалитетен состав, големо искуство и силна традиција во македонскиот фудбал.

Сепак, во таборот на Арсими потенцираат дека фаворитската улога на хартија не значи дека натпреварот е однапред решен. Гостиварскиот тим најавува максимален ангажман, дисциплина и борба за секоја топка, со цел против силниот противник да стигне до позитивен резултат.

Не очекува многу тежок, но во исто време и многу важен натпревар за нас. За противник ја имаме Шкендија, екипа која е апсолутен фаворит, со голем квалитет, огромно искуство и силна традиција во домашниот фудбал. Максимално го почитуваме овој респектабилен противник, но почитта не значи предавање.

На терен ќе влеземе максимално концентрирани, дисциплинирани и со максимален ангажман. Нашата цел е јасна: да ја играме нашата игра, да го покажеме идентитетот на  Арсими и да дадеме се од себе од првата до последната минута. Секој дуел, секоја освоена топка, секоја цврста одбрана и секоја добро изградена акција ќе биде дел од нашиот обид да стигнеме до позитивен резултат.

Се надеваме дека со добра игра, борба во секоја минута и со малку среќа, ќе успееме да бидеме наградени со бодови. Атмосферата во екипата е одлична, групата е обединета и сите сме свесни за одговорноста што ја имаме кон нашите навивачи, велат од таборот на Арсими.

Дефанзивецот на Арсими, Фусник Зука, овој натпревар го гледа како вистински тест за карактерот на екипата:

“На терен ќе влеземе без страв, со верба во нашата работа и со решеност да се бориме до самиот крај. Ја почитуваме Шкендија, но веруваме дека со дисциплина и срце можеме да направиме изненадување”

Натпреварот Арсими- Шкендија ќе се одигра денес  на градскиот стадион во Гостивар со почеток од 16:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.