Македонскиот прволигаш Арсими продолжува со засилувањето на ростерот пред новата сезона, а најново име во тимот е голманот Ристо Јанков. Јанков во досегашната кариера настапуваше за повеќе македонски клубови, меѓу кои Македонија ЃП, Шкендија, Тиквеш, Брегалница и Работнички.
Голманот има и интернационално искуство. Надвор од Македонија настапуваше во Романија за ACSM Poli Iași, а беше дел и од казахстанскиот Каспиј Актау. Јанков има искуство и со најдобрата македонска репрезентација, а беше дел од составот на Македонија на Европското првенство во 2020 година. Неговото искуство од домашниот и меѓународниот фудбал се очекува да биде значаен плус за Арсими во новата сезона.

