Меѓународен фудбал Фудбал

Арсенал го продава Мартинели за рекордна сума во Ал-Хилал

Габриел Мартинели официјално го напушта Арсенал и ја продолжува кариерата во Саудиска Арабија, каде што ќе го облече дресот на Ал-Хилал. Според информациите на италијанскиот новинар Алфредо Педула, двата клуба постигнаа договор за трансфер вреден 59 милиони евра, со што оваа зделка станува најскапата продажба во историјата на лондoнскиот гигант.

Бразилското крило веќе отпатува за Ријад на медицински прегледи пред и официјално да стави потпис на договорот, кој се очекува да му донесе годишна заработка меѓу 12 и 20 милиони евра. Оваа заделба не е големо изненадување со оглед на тоа што 24-годишниот офанзивец ја загуби стандардната улога во тимот, а менаџерот Микел Артета не го вклучи во составот за првите два официјални натпревари од новата сезона.

Мартинели го напушта „Емирејтс“ по шест години, откако пристигна во 2019 година од бразилски Итуано за само седум милиони евра. Во овој период за Арсенал одигра 278 натпревари, постигна 62 гола и запиша 36 асистенции, носијќи му на клубот огромна финансиска добивка од овој трансфер.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.