Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Арсен Венгер задоволен: Проширувањето на Мундијалот се покажа како успешен потег!

Проширениот формат на Светското првенство со 48 репрезентации ги оправда очекувањата и се покажа како успешен, оцени директорот за глобален фудбалски развој на ФИФА, Арсен Венгер, повикувајќи се на анализата на техничката истражувачка група на Светската куќа на фудбалот. Според Венгер, стравувањата дека помалите селекции ќе доживуваат убедливи порази не се оствариле, а турнирот понудил висок квалитет и поголема конкуренција. Како пример ја посочи селекцијата на Зеленортските Острови, која на своето деби стигна до нокаут-фазата и беше елиминирана од Аргентина дури по продолженија.

Анализата покажала и дека разликата меѓу најсилните и помалите фудбалски нации постепено се намалува, што дополнително ја зголемува неизвесноста на турнирот. Техничката група на ФИФА, во која е и поранешниот германски селектор Јирген Клинсман, утврдила дека неколку нови судиски насоки дале позитивни резултати. Голманите побрзо ги изведувале ударите од гол, имало помалку непотребни прекини, а во споредба со Светското првенство во Катар е забележан и двојно поголем број голови постигнати со удари од далечина.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.