Други спортови Останато

Армстронг се поклони пред Погачар: Тој е најголемиот на сите времиња!

Иако велосипедизмот заостанува зад спортовите како фудбалот или кошарката во поглед на заработувачката, Тадеј Погачар ги поместува границите и на финансиски план. Најдобриот велосипедист на денешницата инкасираше половина милион евра за петтата титула на Тур де Франс, плус дополнителни бонуси за секоја етапна победа.

Словенечкиот феномен заработува осум милиони евра годишно само од договорот со својот тим Емирати, кој му е гарантиран сè до 2030 година.

За неговата доминација говореше и поранешниот велосипедист Ланс Армстронг. Тој отворено призна дека Погачар е најдобриот на сите времиња и дека во директен дуел комплетно би го надмудрил.

Според Американецот, Погачар е во моментов најдоминантниот спортист во светот. Словенецот покажува дека може да победи на секој терен и на секоја трка, без оглед на подлогата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.