Македонски фудбал Фудбал

Аргентинско танго на арената во Скопје, Вардар го „потопи“ Ѓорче Петров!

Вардар им се врати на победите откако го совлада тимот на Македонија Ѓорче Петров со високи 5-1. Црвено-црните прикажаа допадлив и напаѓачки фудбал кој резултираше со полна мрежа во голот на гостинот. Вардар со денешната победа успеа да го искористи киксот на Шкендија кој попладнево загуби на домашен терен од Пелистер и изби на првата позиција на табелата со 61 бод, три повеќе од тетовчани.

Вардарци конечно прикажаа сигурна и доминантна игра во пролетниот дел, предводени од инспирираниот Хоакин Торес, кој беше клучна фигура во офанзивата. Иако гостите имаа свои моменти на почетокот и не реализираа неколку добри прилики, домаќинот брзо ја наметна контролата и го отвори резултатот преку Велковски по одбиена топка. Потоа следуваше целосна доминација на Вардар, кој со ефикасна и разиграна игра дојде до висока победа и испрати јасна порака во битката за шампионската титула.

 

25. коло | 04.04.2026. 15:30 | Вардар – Македонија ЃП 5-1 (2-0)

Стрелци на головите за Вардар:

31′ Велковски

42′ Кастањеда

61′ 75′ Торес

69′ Николов

Единствениот гол за гостите го постигна Галевски во 71′ минута.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести