Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез, откри дека непосредно пред почетокот на Светското првенство донел една од најтешките одлуки во својата кариера. Иако лекарите инсистирале да оди на операција поради скршен прст на десната рака, тој решил да го одложи хируршкиот зафат за да може да настапи на Мундијалот.
„Раката и денес ме боли секој ден. Сите специјалисти со кои разговарав во САД и Англија ми препорачаа операција, но знаев дека така ќе го пропуштам почетокот на Светското првенство и не сакав да дозволам тоа да се случи“, изјави Мартинез.
Аргентинскиот чувар на мрежата откри дека подготовките ги минал во сосема поинаков режим од останатите соиграчи и дека само два дена пред првиот натпревар можел да ја фрла топката само со една рака.
Поради повредата не тренирал целосно со репрезентацијата во текот на групната фаза, но како што напредувал турнирот, постепено се враќал во посакуваниот ритам.
„По натпреварот со Египет, а особено во осминафиналето и четвртфиналето, веќе можев да работам со полн интензитет. Сега се чувствувам многу подобро и не размислувам за тој тежок период“, додаде аргентинскиот голман.

