Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Аргентинската колонија во ФК Вардар расте, Фабијани нов тренер на тимот

Кристијан Фабијани е новиот тренер на ФК Вардар за сезоната 2026/2027. Аргентинецот ќе седне на жешкото столче на нашиот најдобар и најтрофеен клуб. Фабијани веќе е пристигнат во Македонија каде се очекува да потпише двегодишен договор со црвено-црниот состав.

Во својата богата кариера има настапувано за аргентинскиот великан Ривер Плејт, но и за тимовите на Ланус и Њуелс Олд Бојс каде подоцна работеше и како тренер на тимот. Својата фудбалска кариера ја заврши во 2020 година, а потоа ги тренираше Феникс Де Пилар, Депортиво Риестра, Депортиво Мерло и веќе споменатиот Њуелс Олд Бојс.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести