Рома е се поблиску до ангажманот на аргентинскиот репрезентативец Науел Молина, кој би можел да го напушти Атлетико Мадрид до крајот на летниот преоден рок. Италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите меѓу двата клуба се во напредна фаза и дека договорот е многу блиску до реализација.
Според информациите, Атлетико ја прифатил понудата вредна 13 милиони евра, плус дополнителни 4 милиони евра преку бонуси, а сега останува Рома да ги усогласи личните услови со 28-годишниот десен бек. Молина има договор со шпанскиот клуб до следното лето, што значително ја олеснува можноста за трансфер. Аргентинецот пристигна во Атлетико во 2022 година од Удинезе, а претходно токму во Серија А се етаблира како еден од најдобрите десни бекови во лигата.
Во Рома веруваат дека неговото искуство, квалитет и одличното познавање на италијанскиот фудбал ќе бидат големо засилување во пресрет на новата сезона.

