Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Аргентина со нов чудесен пресврт, закажа финале со Шпанија! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Аргентина се пласираше во финалето на Светското првенство по неверојатен пресврт против Англија со 2:1. Светскиот шампион се врати од бездната со голови во 85-тата и 92-рата минута од натпреварот.

Средбата во Атланта донесе огромни тензии уште пред почетокот, кога навивачите жестоко ги извишкаа националните химни. Првото полувреме помина во тактичко надмудрување и со по неколку полушанси на двете страни од теренот. Џон Стоунс се закани со глава за Англија, додека кај Аргентинците најопасен беше шутот на Енцо Фернандез.

Аргентина тргна поофанзивно во вториот дел, но Англичаните први го отворија резултатот во ова полуфинале. Новото засилување на Барселона, Ентони Гордон, се прикраде на втората статива и донесе водство за Англија. По примениот гол, тимот на Томас Тухел се повлече во одбрана и ја препушти иницијативата на противникот.

„Гаучосите“ почнаа да редат шанси, а Алексис Мек Алистер ја погоди и стативата од голот на Пикфорд. Притисокот конечно вроди со плод во 85-тата минута преку упорниот Енцо Фернандез. Тој со прецизен удар од далечина донесе израмнување и огромна радост за аргентинските навивачи.

Целосниот шок за Англија пристигна во втората минута од судиското продолжение по нова асистенција на Лионел Меси. Одличниот Лаутаро Мартинез реагираше во стилот на најдобрите светски голгетери и погоди за конечни 2:1.

Аргентина во големото финале во Њујорк ќе ја брани светската титула во епска пресметка против Шпанија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.