Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Аргентина го одмора Меси пред нокаут-фазата!

Аргентина ќе настапи без Лионел Меси во стартниот состав на натпреварот против Јордан во последното коло од групната фаза на Светското првенство. Селекторот Лионел Скалони потврди дека капитенот ќе добие заслужен одмор и шансата ќе ја чека од резервната клупа.

„Меси нема да почне од првата минута, но ќе добие шанса во текот на натпреварот“, изјави Скалони, додавајќи дека ваквата одлука е донесена поради густиот распоред и обезбедениот пласман во елиминациската фаза.

Иако Аргентина веќе го осигура првото место во групата, селекторот истакна дека нема да има опуштање и дека играчите кои ќе добијат можност целосно ја заслужиле довербата.

„Секој што ќе излезе на теренот има обврска да игра максимално и да покаже зошто е дел од оваа репрезентација. Очекувам ист пристап без разлика кој е во составот“, порача Скалони.

Аргентина во осминафиналето ќе се соочи со дебитантот Зеленортските Острови, додека против Јордан ќе се обиде со нова победа да ја заврши групната фаза со максимален учинок.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.