Предводникот на Фулам, Алваро Арбелоа, не ја криеше фрустрацијата и лутината по ремито (1:1) против Манчестер Јунајтед на „Кревен Котиџ“. Иако за многумина бодот против некогашниот гигант изгледа како позитивен резултат, шпанскиот стратег смета дека неговиот тим бил оштетен за заслужена победа, директно прозивајќи ги арбитрите за заштитнички однос кон гостите од Олд Трафорд.
Арбелоа потенцираше дека е разочаран од несреќно примениот погодок во самата завршница од мечот, но уште повеќе од судискиот критериум кој според него свесно пресекувал во корист на фаворитот.
„Исклучително сум вознемирен бидејќи бевме на чекор до трите бода и примивме гол навистина несреќно. Моите играчи одработија фантастична работа и одиграа точно онака како што барав. Сепак, арбитражата беше спорна, буквално секоја одлука отиде на нивна страна. По сите случувања во лигата, добро знаев дека нема така лесно да дозволат Манчестер Јунајтед да доживее нов пораз. Погледнете го само оној фаул на Мегваер и сè ќе ви стане јасно“, истакна Арбелоа.
И покрај тоа што Фулам сè уште ја чека својата прва првенствена победа оваа сезона, шпанскиот менаџер е убеден дека неговата екипа е на вистинскиот пат и дека со оваа ниво на игра и залагање триумфите многу брзо ќе пристигнат.

