Меѓународен фудбал Фудбал

Апсолутна доминација на ПСЖ во трката за „Златната топка“

ПСЖ го потврди статусот на доминантна сила во светскиот фудбал откако „Франс Фудбал“ официјално ги објави номинациите за „Златната топка“ за 2026 година. Дури десет фудбалери на францускиот шампион се најдоа на скратениот список од 30 имиња, предводени од актуелниот освојувач Усман Дембеле, кој годинава има шанса повторно да се искачи на тронот.

Покрај Дембеле, меѓу номинираните од таборот на парижаните се и Ашраф Хакими, Маркињос, Нуно Мендес, Жоао Невеш, Вилијан Пачо, Фабијан Руис и Витиња. Во трката за Најдобар фудбалер на планетата традиционално се и имиња како Килијан Мбапе, Ерлинг Холанд, Џуд Белингем, Ламин Јамал, Хари Кејн, Винисиус Јуниор и Лионел Меси.

Годинашниот избор донесе и неколку сензационални имиња. Во категоријата за Клуб на годината, рамо до рамо со гигантите како ПСЖ, Арсенал, Баерн Минхен и Фламенго, се најде норвешкото фудбалско чудо Боде Глимт. Меѓу голманите, за трофејот „Јашин“ конкурира ветеранот Возиња, кој стана хит со репрезентацијата на Зеленортските Острови за време на Светското првенство, додека кај младите таленти за трофејот „Копа“ номиниран е младиот репрезентативец на БиХ, Керим Алајбеговиќ.

Најголемото изненадување во женска конкуренција е отсуството на Аитана Бонмати, фудбалерката на Барселона која го освојуваше ова признание во изминатите три години.

Свечената гала-вечер на која ќе бидат крунисани најдобрите ќе се одржи на 26 октомври во Лондон.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.