Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Антовски ја продолжува кариерата во Албанија, потпиша за Елбасан

Нова интернационална епизода во кариерата на Филип Антовски. Македонскиот лев бек го напушта домашниот шампионат и кариерата ќе ја продолжи во Албанија, каде што го очекува нов предизвик со амбициозен клуб. Антовски официјално беше промовиран како ново засилување на Елбасан, тим кој минатата сезона ја заврши како вицешампион и во новата кампања повторно има високи цели.

25-годишниот фудбалер пристигнува од Брера, а претходно во кариерата го носеше дресот на Вардар, каде што ги направи првите фудбалски чекори. Има интернационално искуство и од настапите за Динамо Загреб 2, Славија Софија, Австрија Виена, Истра и Карвина. Антовски е поранешен младински репрезентативец на Македонија и има 23 настапи за младата селекција. Во Елбасан ќе се обиде да ја врати најдобрата форма и со своето искуство да помогне во остварувањето на амбициите на клубот во албанската Суперлига.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.