Меѓународен фудбал Фудбал

Антонио Конте му се нуди на Манчестер Јунајтед

Поранешниот предводник на Наполи и Челзи, Антонио Конте, изрази подготвеност веднаш да ја преземе менаџерската функција во Манчестер Јунајтед. Според информациите на „TEAMtalk“, претставници на 57-годишниот италијански стратег веќе стапиле во контакт со раководството на гигантот од Манчестер за да ги известат дека тој е подготвен без одложување да се фати за работа.

Конте е без ангажман откако летово замина од клупата на Наполи, а зад себе има богато искуство во англиската Премиер лига каде што претходно го предводеше Челси до титулата во шампионатот и ФА Купот, а го водеше и Тотенхем.

Италијанскиот стручњак беше меѓу главните кандидати за кормилото на „црвените ѓаволи“ и за време на летната пауза, кога одржа директни разговори со техничкиот директор Џејсон Вилкокс. Сепак, клупската управа тогаш одлучи да му даде доверба на Мајкл Карик по неговата успешна епизода како привремен стратег минатата сезона.

Во моментов, Карик се наоѓа под сѐ поголем притисок од јавноста поради очајното отворање на новата сезона. Манчестер Јунајтед оствари само еден триумф на првите шест натпревари во Премиер лигата и се наоѓа на скромното 13-то место на табелата, што дополнително ја подгрева можноста за експресна тренерска смена.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.