Други спортови Останато

Антонели прв италијанец кој победил во Формула 1 после 20 години!

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели победи на трката за Големата награда на Кина, со што ја забележа и својата прва победа во кариерата.

Тој со победата во Шангај стана и првиот италијанец после 2006 година кој славел победа на трка во Формула 1. Пред точно 20 години, последен кој на Италија и донесе победа беше Џанкарло Физикела, кој победи во трката за Големата награда на Малезија.

Антонели стана и втор најмлад победник на една трка во Формула 1, со 19 години, 6 месеци и 18 денови, а рекордот се уште го држи Макс Верстапен, кој во 2016 година се искачи на победничкиот пиедестал со само 18 години и 228 денови.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести