Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, постави најдобро време на вториот слободен тренинг пред трката за Големата награда на Шпанија, која оваа година за првпат во историјата на Формула 1 се одржува на патеката „Мадринг“ во Мадрид.
Италијанецот го извозе најбрзиот круг со време од 1:33,662 минути, задржувајќи ја предноста пред дуото на Ферари. Шарл Леклер заврши на второто место со заостанување од 0,113 секунди, додека Луис Хамилтон го забележа третото време со 0,149 секунди побавна возење од лидерот.
Пријатно изненадување беше Арвид Линдблад од тимот на Рејсинг Булс кој го освои четвртото место (+0,228), додека најбрзиот од првиот тренинг, Џорџ Расел со вториот болид на Мерцедес, заврши на петтата позиција (+0,337). Во топ-10 влегоа уште и Макс Ферстапен, Оскар Пјастри, Јуки Цунода, Естебан Окон и Лијам Лосон.
Програмата во Шпанија продолжува в сабота со третиот слободен тренинг од 12:30 часот и квалификациите од 16:00 часот, додека главната трка во Мадрид е закажана за в недела од 15:00 часот.

