Младиот Антонели со победата на трката во Јапонија дојде до својата втора победа во кариерата во Формула 1. Тоа за возачот на Мерцедес беше и втора победа по ред. Така, 19 годишниот Антонели, на стазата Сузука, испиша историја и стана најмладиот лидер во генералниот пласман на Формула 1.
После три трки оваа сезона, во генералниот пласман на Формула 1, Антонели е прв со 72 бодови, втор е Расел со 63 бодови, а трет е Леклер кој има 49 бодови.

