Други спортови Останато

Антонели е подготвен за триумф во Австрија: Лидерот во Ф1 ги „покоси“ ривалите на првиот тренинг!

Андреа Кими Антонели се врати во препознатливата форма и испрати јасна порака до конкуренцијата пред трката за Големата награда на Австрија. Актуелниот лидер во генералниот пласман во Формула 1 ја покажа моќта на својот Мерцедес уште на првиот ден од слободните тренинзи на култната патека „Ред Бул Ринг“.

Иако во првиот дел од тренингот болидите на Мекларен диктираа силно темпо, Антонели експлодираше штом ги загреа пневматиците на оптимална температура. Младиот Италијанец со фантастично возење го постави најдоброто време на денот (1:07,014), оставајќи ги зад себе Оскар Пјастри (+0,237) и Ландо Норис (+0,325).

Домашниот адут Макс Ферстапен мораше да се задоволи со четвртата позиција, додека победникот од претходната трка во Каталуња, Луис Хамилтон, викендот го отвори со петто време. Во топ 9 на првиот тренинг се најдоа уште и Џорџ Расел, Исак Хаџар, Лиам Лосон и Габриел Бортолето.

Возбудувањата во Шпилберг продолжуваат в сабота со вториот тренинг (12:30 ч.) и официјалните квалификации кои се возат од 16:00 часот, додека големата битка за бодови е закажана за в недела во 15:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.