Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Англиските пабови ќе работат до наутро за дуелот со Мексико, вети Стармер!

Битката за четвртфинале меѓу Англија и Мексико на Мундијалот предизвика сериозни организациски проблеми на Островот. Натпреварот во Мексико Сити започнува во два часот по полноќ по средноевропско време. Овој доцен термин е исклучително тежок за повеќето фудбалски фанови во Европа. Сепак, најиздржливите англиски навивачи добија неочекувано ветување и помош од самиот државен врв.

Премиерот во оставка, Кир Стармер, јавно вети дека по итна постапка ќе издејствува продолжено работно време за угостителите. Доколку неговата намера помине во парламентот, пабовите ширум земјата ќе можат да останат отворени сè до пет часот наутро. Оваа одлука ќе им овозможи на фановите заедно и во автентична атмосфера да го проследат целиот дуел со „сомбреросите“. Британскиот политичар очигледно се надева дека нацијата во раните утрински часови колективно ќе го прослави пласманот на актуелниот светски вицешампион меѓу осумте најдобри селекции на турнирот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.