Меѓународен фудбал Фудбал

Англиски клуб ја претвори соблекувалната во мала градина (ФОТО)

Несекојдневна иницијатива спроведе англискиот фудбалски клуб Форест Грин Роверс, кој одлучи да внесе дел од природата во својата соблекувална со цел да го намали стресот кај фудбалерите. Клубот постави дури 60 саксиски растенија во просторијата во која играчите се подготвуваат за натпреварите. Акцијата е реализирана во соработка со фондацијата „Плантс енд Флауерс“, по повод Неделата за подигнување на свеста за стресот.

Идејата зад овој необичен експеримент е да се испита дали присуството на природата во средина исполнета со натпреварувачки притисок може позитивно да влијае врз психолошката состојба на фудбалерите.

„Со внесувањето на природата во затворен простор им помагаме на нашите играчи да пронајдат мир пред да излезат на теренот“, порачаа од клубот.

Иницијативата произлегува од национално истражување во кое 26 проценти од испитаниците навеле дека учеството или следењето на голем спортски настан е една од најстресните ситуации со кои се соочиле.

Форест Грин Роверс, клуб основан во 1889 година, важи за еден од поеколошки ориентираните клубови во англискиот фудбал. И покрај својата долга историја, нема позначајни спортски достигнувања, а моментално се натпреварува во петтиот ранг на англискиот фудбал.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.