Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Англија остана без десен бек, но повикан е Чалоба!

Англиската репрезентација се соочи со тежок удар на само ден пред премиерата против Хрватска, откако десниот бек Тино Ливраменто заработи сериозна повреда на листот. Поради принудната пауза од шест недели, за него Светското првенство заврши пред воопшто да започне. Иако јавноста очекуваше дека селекторот Томас Тухел сега конечно ќе го повика дефанзивецот на Реал Мадрид, Трент Александер Арнолд, кој претходно беше шокантно изоставен, германскиот стратег реши повторно да го заобиколи.

Наместо него, островските медиуми пренесуваат дека нов член на „Гордиот албион“ ќе стане фудбалерот на Челси, Тревор Чалоба. Тухел се одлучи за него пред сè поради неговата универзалност, бидејќи Чалоба покрај стоперската позиција може успешно да покрие и како десен бек или заден везен. Прв избор на десната аут линија сега останува само Рис Џејмс, но со оглед на неговата кревка конституција и склоност кон повреди, Англичаните влегуваат во огромен ризик, па Тухел дефинитивно ќе мора сериозно да ја импровизира одбраната во деновите што следуваат.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.