Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Англија и Велс му ја одземаат поддршката на Инфантино, УЕФА спрема тужба за ФИФА!

Фудбалскиот сојуз на Англија подготвува официјално писмо до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, со кое комплетно ќе ја повлече поддршката за неговото раководство. Овој радикален потег пристигнува откако Фудбалскиот сојуз на Велс веќе јавно соопшти дека нема да застане зад новата кандидатура на Инфантино за нов мандат на челото на светската куќа на фудбалот, додека УЕФА сериозно разгледува покренување правна постапка против ФИФА.

Поводот за жестоката реакција е контроверзниот план на ФИФА за формирање посебна комерцијална компанија која би управувала со најважните натпреварувања, вклучувајќи ги и Светските првенства. Според овој план, на приватни надворешни инвеститори би им било овозможено да купуваат малцински сопственички удели во комерцијалните права на ФИФА, што предизвика огромна загриженост и отворен отпор меѓу водечките фудбалски конфедерации, предводени од УЕФА и КОНКАКАФ.

Европската куќа на фудбалот веќе испрати допис до Инфантино со барање ФИФА итно да ги идентификува и заштити сите документи и електронски записи поврзани со овој проект. Доколку ФИФА продолжи со планот за приватизација на дел од комерцијалните права, УЕФА најави дека активирањето на судски постапки, арбитражи и регулаторни пријави е само прашање на време.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.