Светското првенство го доби најдобриот натпревар досега. Англија предводена од Хари Кејн, славеше со 4-2 против Хрватска на стартот од групата Х. Оваа пресметка покажа дека „коцкастите“ имаат застрашувачки карактер. Сепак, Тухел претстави една нова, многу поофанзивна Англија. Островјаните пратија порака дека се подготвени да ја вратат титулата дома по цели шест децении.
Спектаклот во Тексас започна со наивна грешка на капинетот Лука Модриќ. Тој невнимателно го собори Нони Мадуеке за чист пенал во казнениот простор. Доминик Ливаковиќ го одбрани првиот обид на Хари Кејн од белата точка. Но, судијата Клемон Турпан нареди повторување бидејќи голманот предвреме излезе од линијата. Од вториот обид англискиот напаѓач не згреши и донесе почетна предност.
Хрватска брзо возврати со вистинска „бомба“ на Мартин Батурина во 36-та минута. Набрзо потоа, Кејн со глава погоди по корнер за нова англиска радост. Но, „коцкастите“ израмнија во последните секунди преку Петар Муса за спектакуларни 2-2 на паузата.
Клучниот момент во овој трилер се случи веднаш по враќањето од соблекувалните. Џуд Белингем доби премногу простор и со помош на стативата погоди за 3-2. Хрватите претрпеа тежок шок од кој повеќе не успеаја да се опорават. Хратите во тие моменти беа во нок-даун, а голманот Ливаковиќ со неверојати интервенции ги одржуваше во игра. Англија ја презеде контролата и паметно го диктираше темпото до самиот крај. Точка на победата стави резервистот Маркус Рашфорд во 85-та минута по одличната асистенција на Букајо Сака.

