Репрезентациите на Англија и Гана во полувреме без многу прилики, заминаа на пауза со почетниот резултат. Англичаните уште од самиот старт се воспоставија иницијатива и го имаа поседот на топката во свои нозе, но во првите 45 минути не успеаја да го скршат отпорот на афричката репрезентација.
Од друга страна, Гана во првиот дел воопшто не дојде до прилика да упати удар кон голот на Џордан Пикфорд. Африканците ја чекаа стрпливо својата шанса по некоја грешка или контра, но Англија не дозволи ни најмала прилика.
Првиот дел го одбележа жестокиот судар со главите помеѓу Рис Џејмс и Џордан Ају, но за среќа по интервенцијата на медицинските екипи и двајцата го продолжија натпреварот.
Останува да видиме во вториот дел дали фаворизираната Англија ќе успее да најде начин да го пробие дефанзивниот бедем на Гана, или афричката репрезентација ќе успее да приреди изненадување.

