Светот на фудбалот со нетрпение чекаше да види кога овој визионер од средниот ред својата тактика покрај аут-линијата. Големиот шпански ас сега е подготвен да ја преточи својата фудбалска филозофија во нова улога, преземајќи ја диригентската палка на својот прв клуб Гулф Јунајтед од Обединетите Арапски Емирати.
Поранешниот легендарен играч од средниот ред на Барселона и на шпанската репрезентација, Андрес Иниеста, е на прагот официјално да ја започне својата тренерска кариера, откако постигна дефинитивен договор со екипата на Гулф Јунајтед. Сите детали меѓу двете страни се веќе прецизирани, па во следните денови се очекува само уште официјалниот потпис на соработката.
Ова ќе биде дебитантски ангажман за Иниеста во тренерските води по завршувањето на неговата импресивна играчка кариера. Неговиот прв сериозен испит, тимот од Обединетите Арапски Емирати, кој во моментов се наоѓа на десеттата позиција од вкупно 15 екипи во домашно првенство, што значи дека Шпанецот го чека сериозна работа за да го подигне клубот кон врвот.

