Македонски фудбал Фудбал

Андреј Јовчевски ќе го брани голот на Струга ТЛ!

Струга Трим Лум продолжува активно да го комплетира играчкиот кадар за новата сезона, а раководството не запира со доведување нови засилувања. По неодамнешното промовирање на Егзон Белица, стружани денеска претставија уште едно ново име во своите редови. Нов член на актуелниот македонски прволигаш е голманот Андреј Јовчевски, кој пристигнува од Пелистер и официјално ќе ја продолжи кариерата во дресот на Струга Трим Лум.

По испаѓањето на битолскиот клуб од Првата македонска фудбалска лига, Јовчевски реши да направи нов чекор во кариерата и да остане дел од елитното друштво. Со трансферот во Струга ќе добие можност да се бори за место меѓу стативите во тим кој има високи амбиции и за домашната сцена и за европските настапи. Конкуренцијата нема да биде лесна, бидејќи на голманската позиција веќе се наоѓаат Марко Анџелети и Васко Василев, па Јовчевски ќе треба да се избори за својата шанса со добри настапи и напорна работа. Струга со овој потег дополнително ја засилува конкуренцијата во составот и продолжува со градењето на тимот за предизвиците што претстојат.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.