Други спортови Тенис

Андре Агаси: Ѓоковиќ е ГОАТ, а медиумите го правеа негативец

Американската тениска легенда Андре Агаси излезе со жестоки критики кон медиумите и јавноста за нивниот третман кон Новак Ѓоковиќ, истакнувајќи дека српскиот ас не го добива почитувањето што го заслужува.

Во документарниот филм „The Wolf in Winter“, Агаси, кој во 2017 година кратко му беше и тренер на Србинот, порача дека Ѓоковиќ е несомнено најголемиот на сите времиња, но дека со години намерно му била наметнувана улогата на „дежурен виновник“.

„Никој не може да се спореди со тоа што тој го постигна, тој е најголемиот на сите времиња. Сепак, тоа не му е доволно признаено во светот. Медиумите со години ги извлекуваа неговите изјави од контекст. Тој правеше грешки како и сите други, но додека преку туѓите грешки се преминуваше, неговите се креваа со голема врева. За да постои ‘добар момче’, секогаш мора да има и ‘лошо’, а на Ѓоковиќ му ја доделија токму таа улога“, изјави носителот на осум гренд слем титули.

Ѓоковиќ во моментов ги врши последните подготовки за настапот на последниот гренд слем во годината, ЈУ-ЕС Опен, кој започнува на 30 август.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.