Меѓународен фудбал Фудбал

Андер Ерера се врати во Сарагоса и ќе игра бесплатно!

Во време кога модерниот фудбал доминира со астрономски суми, милионски плати и бизнис-интереси, поранешниот шпански репрезентативец Андер Ерера испрати порака која го воодушеви фудбалскиот свет. Искусниот 36-годишен фудбалер за врска одлучи да се врати во својот матичен клуб Сарагоса, кој во моментов се наоѓа во еден од најтешките периоди во клупската историја и се натпреварува во третиот ранг на шпанскиот фудбал.

Според правилата на лигата, Ерера мора да има официјален договор со законски пропишана минимална плата. Сепак, тој договори целиот тој износ да се уплаќа директно во клупската фондација, што значи дека практично ќе настапува без никаков финансиски надомест. Неговата единствена желба е да му помогне на тимот каде што ги направи првите фудбалски чекори повторно да се врати на патеките на успехот.

Ерера дебитираше за првиот тим на Сарагоса во 2009 година, а две години подоцна премина во Атлетик Билбао, од каде што оствари големи трансфери во европските гиганти Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен. По престојот во аргентинскиот гигант Бока Јуниорс, каде што потпиша во јануари 2025 година, тој реши да го затвори кругот таму каде што започна сè. Во својата богата кариера Ерера има освоено 13 трофеи, од кои најголемиот дел беа во дресот на францускиот шампион.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.